Туристички информативен центар во Битола

Туристички информативен центар во Битола

 

   Во Битола се отвори Туристички информативен центар-проект финансиран од Светска Банка а реализиран од НВО Веритас во соработка со Министерството за култрура и Општина Битола.ТИЦ е сместен во поранешните простории на Музејот Вагнер-Лала а неговата функција е да послужи како логистика на туристичките, угостителските и хотелиерските субјекти а со цел квалитетна промоција и презентација на  севкупната туристичка понуда на Битола.Според зборовите на битолскиот Градоначалник, ТИЦ ќе ја има улогата на истурено одделение на општинската администрација во делот на туризмот.