Обука за жени претприемачи

Обука за жени претприемачи

 Општина Битола во соработка со УСАИД- Проектот за децентрализација организираа обука за 7 жени заинтересирани да започнат сопствен бизнис. Обуката е  од областа на комуникациски вештини, родова социјализација, родов буџет, претприемништво, процедури за отварање на сопствен бизнис, тимско работење и  изработка на бизнис план.  Најуспешните бизнис планови  се финансиски поддржани од Општина Битола.

Женското претприемаштво е дел од стратегијата на општината за локален економски развој и во таа насока овој проект ќе ни помогне пред се во зајакнување на човечките потенцијали како во општината така и на жените идни претприемачи за да можат успешно да се носат со предизвикот на новот време како и да започнат сопствен бизнис.
    Општината за успешна реализација на овој проект издвои  300.000,00 денари финансиски средства од буџетот на општината за 2007 год. за поддржување на успешни бизнис планови и тоа од доставените 6 бизнис планови беа избрани двата најуспешни и тоа: Краварска фарма БЕЛА-ЕМИ за производство на млеко и месо во вредност од 1.000.000,00 ден и Канцеларија за книговодствено=сметководствена дејност во вредност од 250.000,00 ден.