СТУДИСКА ПОСЕТА ВО Р.ХРВАТСКА

СТУДИСКА ПОСЕТА ВО Р.ХРВАТСКА

 

   Претставници од одделението за локален економски развој заедно со Градоначалникот Талески беа на студиска посета во Р.Хрватска  во рамките на Проектот за деловно опкружување на УСАИД- компонента на јавни капитални инвестиции и децентрализација. Посетата беше искористена за посета и средба со градоначалниците на општините Копривница, Вараждин, Пула, Загреб. Се  посетија индустриски зони, капитални  објекти изградени со јавно приватно партнерство и издавање на обврзници како што се: гимназија, затворен базен, регионален водовод. Исто така се посети и Хрватската агрнција за надворешни финансиски услуги во Загреб. Искуството стекнато од ова патување ќе го искористат општините за полесно спроведување на втората фаза од процесот на децентрализација.