На Влашките гробишта во Битола денес беше организирано чествување по повод 51 годинa од смртта на првиот филмски снимател на Балканот Милтон Манаки. Чествувањето е во организација на Комуната на Власите, а покровител на манифестацијата е градоначалникот на општината Битола. На настанот присуствуваа голем број претставници од институциите кои го негуваат и се грижат за големото дело на Браќата Манаки, директорката на Кинотеката на Македонија, директорот на Интернационалниот филмски фестивал ,, Браќа Манаки ’’ и многу други здруженија и граѓани.
„Секоја година на 5ти Март доаѓаме на гробот на Манаки и ја оддаваме должната почит кон едно историско име. Браќата Манаки, Јанаки и Милтон направија една историско револуционерна работа која што се однесува на делот на филмската уметност, фотографијата, односно на делот на развојот на Битола“, изјави градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески.