ФОРМИРАН СОВЕТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА БИТОЛА

ФОРМИРАН СОВЕТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Во општина Битола денес беше формиран Совет на млади, за кој претходно беше изгласана стратегија на Совет на општина Битола.  Советот на млади е формиран од млади луѓе на возраст од петнаесет до триесет години.
На денешната конститутивна седница за претседател на Совет на млади беше избран Томислав Новевски.
,, Осебено ми е чест и задоволство што ја добив довербата, јас да предводам едно вакво тело, значајно за младите во општина Битола. Градоначалникот и Советот на општина Битола и досега покажаа високо ниво на свесност за важноста и проблемите кои ги засегаат младите, и на овој начин таквата комуникација ќе биде уште поинтензивна ’’ изјави претседателот на Совет на млади Томислав Новевски.
Градоначалникот исто така беше присутен на седницата, каде го изрази своето задоволство од формирањето на Советот на млади и истакна ,, во идниот период, голем дел од темите кои што ќе бидат теми на Советот на млади, ќе бидат теми и на Советот на општина Битола. Оние кои што ќе бидат прифатени, ние си земаме за обврска максимално да ги поддржиме и финансиски онаму каде што ќе биде потребно.