ИЗГРАДБА НА НОВ ЛОКАЛЕН ПАТ ВО С: ЦРНОБУКИ

ИЗГРАДБА НА НОВ ЛОКАЛЕН ПАТ ВО С: ЦРНОБУКИ

 
Започнаа активностите за реконструкција и рехабилитација на локалниот пат во с. Црнобуки во должина од 2 км. Селото Црнобуки брои околу 350 жители кои со задоволство ја поздравија оваа градежна активност потврдувајќи ја нивната неопходност од реконструкција на овој пат кој честопати е пречка за многумина да дојдат и да го посетат своето место.
 
Изградбата на патот е дел од програмата за рехабилитација и реконструкција на регионална и локална патна мрежа во РМ, а е со вредност од 8 700 000 денари. Деновиве како дел од истата програма ќе започнат и активностите на локалниот пат с.Граешница – Кишава.