Градоначалникот Талески го прими во својот кабинет Петар Котевски и неговиот тим кои ја освоија првата награда на натпреварот „Фабрика на бизнис идеи “ и освоија чек од 10.000 евра кои лично им ги врачи Премиерот Никола Груевски.
Бизнис планот е за изработка на видео игра со која планираат да учествуваат на саемот во Сан Франциско во јуни и да ја понудат на пазарот на видео игри.
Градоначалникот Талески изјави дека ова е добар пример за сите млади кои треба сами да го направат својот прв чекор кон вработување и отворање на свој сопствен бизнис.