АМБАСАДОРОТ НА САД Н.Е. ПОЛ ВОЛЕРС ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

АМБАСАДОРОТ НА САД Н.Е. ПОЛ ВОЛЕРС ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

Градоначалникот Талески оствари работна средба со Н.Е. Пол Волерс која е прва официјална средба после доаѓањето на амбасадорот. На средбата се разговараше за потенцијалите на Битола за можностите за економски развој на градот, како и досегашната подршка и тековни проекти поддржани од УСАИД.
Исто така амбасадорот Волерс порача дека САД сака да ја види Македонија во НАТО и дава поддршка за надминување на сите препреки.
Градоначалникот Талески и Амбасадорот Волерс прошетаа по Широк сокак.