ОДДАДЕНА ПОЧИТ ПО ПОВОД 69 ГОДИНИ ОД БЕГСТВОТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ ОБЛАСТЕН ФАШИСТИЧКИ ЗАТВОР

ОДДАДЕНА ПОЧИТ ПО ПОВОД 69 ГОДИНИ ОД БЕГСТВОТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ ОБЛАСТЕН ФАШИСТИЧКИ ЗАТВОР

Воената македонска животна драма што се случи зад високите камени ѕидови на централниот областен фашистички бугарски затвор кај Црн мост остави длабоги траги, а сеќавањата на оние што преживеале се враќаат наназад секој 6 ти септември. На на оние кои што се родиле подоцна одново им се раскажува историјата на политчките затвореници на битолскиот затвор. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучија во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување на Македонија од фашистичката окупација.
Во тој контекст беше и денешното чествување кое претставува и потсетување на херојските подвизи на плејадата борци кои ги вградија своите животи во темелите на нашата татковина Република Македонија.
По повод 69 годишнината од бегството на политичките затвореници од бугаркиот фашистички затвор „Црн Мост“ свежи цвеќиња на споменикот и спомен плочите положија Градоначалникот Владимир Талески, општинскиот одбор на сојузот на борците од Битола и други организации.
„Денеска се наоѓаме на местото каде што некогаш бил бугарскиот фашистички затвор. Денеска се навршуваат 69 години од бегството на луѓето кои што беа во тој затвор и се разбира тука сме заедно со основната организација на борците од Битола да ја дадеме должната почит кон жртвите и кон сите оние кои што во себе ја имаа вградено големата идеја на неколку генерации македонци наназад за независна, слободна Македонија, Македонија која практично ја имаме денеска. Така што мислам дека сите периоди од минатото и историјата, сите оние жртви кои се вградени во денешната независност на Република Македонија, навистина искрено и од срце ги почитуваме. Така треба да се однесуваат сите наши граѓани, а ние со нашиот пример покажуваме дека навистина секогаш должната почит ја даваме кон сите оние имиња, луѓе, жртви кои несебично ги положиле своите животи за ова што денеска го живееме. Се надевам дека и оваа генерација луѓе, македонци кои што живееме во Република Македонија, исто така ќе изнајдеме начин за интеграција на Република Македонија во големото Европско семејство. Секоја генерација си има своја борба и секоја генерација прави уште еден чекор понапред за поубава, поразвиена Република Македонија и за подобар живот на нашите граѓани, изјави Д-р Владимир Талески Градоначалник на Општина Битола.