ПОДДРШКА ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА И ВО ФАН ЗОНАТА НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА ВО БИТОЛА

ПОДДРШКА ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА И ВО ФАН ЗОНАТА НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА ВО БИТОЛА

Спортските активности во рамките на спортската недела во Битола продолжуваат со се поголем интензитет. После кошаркарските турнири во претпладневните часови, вечерва битолчани во голем број се собраа на Плоштадот Магнолија да дадат поддршка на македонската репрезентација. Заедно со своите сограѓани, кошаркарскиот натпревар Македонија – Литванија го следеше и Градоначалникот на Општина Битола Д-р Владимир Талески:

„Овие денови и Општина Битола организира повеќе спортски активности. Ова е нашата фан зона во која сите заедно даваме поддршка за нашата репрезентација. Во претпладневните часови имаме спортски активности – турнири, а во попладневните исто така. Ова ќе биде до 8 септември секој ден, со поддршка од Општина Битола. Мислам дека сите овие активности се на задоволство на сите наши граѓани, затоа што го прифативме концептот кој што го предложи Владата на Република Македонија, заедно со Агенцијата за млади и спорт. Целата оваа недела и во Битола е исполнета со спорт. Ова е еден нов и многу интересен начин кој раѓа многу позитивна енергија. Во таа смисла ги поддржуваме сите активности кои што се од слична природа. Вечерва ја следиме утакмицата и се надеваме дека нашите врвни спортисти ќе дојдат во ситуација да се борат за медал“, изјави Градоначалникот на Општина Битола, Д-р Владимир Талески.