Во општина Битола во тек се спортските активности за одбележување на денот на независноста на Република Македонија. Со предвидените спортски настани, активности, натпревари и гостувања и Општина Битола ја поддржува иницијативата на Владата за одбележување на денот на независноста 8 септември, кое оваа година е под мотото „Нашето единство – наша победа“. Денеска, во спортската сала Младост во Битола беше отворен фудбалски турнир:
„Максимално ја прифативме иницијативата на Владата на Република Македонија. Денеска е ден на спортот. Активностите продолжуваат до 8 ми септември, ќе се сретниме со голем број спортисти, ќе имаме различни натпревари од сите дисциплини и спортови. Ова ќе биде на некој начин славење и на спортот, можеби една нова и интересна форма и за празнување. Овие денови многу наши млади луѓе ќе бидат во спортската сала, ќе спортуваат и ќе другаруваат. Во претпладневните часови активностите ќе бидат во спортските објекти, а во попладневните на плоштадите во нашата општина, а се разбира, ќе даде и голема поддршка на сето она што ќе се случува на плоштадот во главниот град на Република Македонија“, изјави Д-р Владимир Талески, Градоначалник на општина Битола.
На овој начин, преку спортските активности, поддршката и развојот на спортот, Општина Битола дава придонес и кон популаризација на спортот и здравите навики кај целата популација.
