ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЛОБИСТИ ОД ХРВАТСКА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЛОБИСТИ ОД ХРВАТСКА

 

   Градоначалникот Талески оствари средба претставници на Македонскиот центра за лобирање  и Хрватското друштво на лобисти предводени од  гелералниот секретар на друштвото на лобистит Иван Вуковиќ кои се во фаза на подготовка на заеднички проект од ЕУ.
 Проектото ќе се состои од  спроведување на  заедничко истражување за лобирањата  во невладиниот сектор во двете земји. 
Од компаративната  анализа на Хрватска и Македонија  ќе се утврди како лобирањето се употребува и ќе се дадат одредени препораки за развој на ова  професија во двете земји. Македонија е првата земја во регионот што има закон за лобирање. Хрватска сега ќе донесе ваков закон.
Македонскиот центар за лобирање од самото формирање има голема поддршка  од битолската локална самоуправа  и Македонското научно друштво од Битола  кои ја препознаа важноста од лобирањето во Република Македонија како една нова професија.