ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

Градоначалникот Талески оствари работна средба со Н.Е. Жан Клод Шлумбергер  амбасадор на Р.Франција  во Македонија и почесниот конзул Калиопа Кривашија Стилиновиќ, на која се разговараше за идната економска соработка и можностите за инвестиции на француски бизнисмени во Битола како и интензивирање на досегашната културна соработка.
Амбасадорот Шлумбергер беше и на отварањето на фестивалот на француски филм во организација на француската алијанса.