На покана од Општината Трелеборг со која што Општина Битола има воспоставено соработка од 1981 год. , делегација од општината предводена од Градоначалникот Талески учествуваше на манифестациите по повод прославата на 750 год. од основањето на грдаот Трелеборг. Беа остварени повеќе контакти со претставници од градот и претставници од повеќе градови (гости) од СР Германија, Данска , Норвешка, Финска. Исто така беше посетено и Македонското друштво во Трелеборг како и црквата Св Наум Охридски во Малме при што беа остварени контакти со македононски бизнисмени кои повеќе години работат во Шведска.
Во Паркот на Пријателството во Трелеборг беа засадени дрва од страна на Грдаоначалникот Талески и останатите градоначалници.