ФОРМИРАН РЕГИОНАЛЕН ОДБОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

ФОРМИРАН РЕГИОНАЛЕН ОДБОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

Согласно новите измени на законот за управување со отпад, а со цел интегрирано регионално управување со отпад, на 15-тата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион беше формиран регионален одвор за управување со отпад. На седницата присуствуваа претставници и од Министерството за животна средина.

„Тоа е обврска на сите региони во Република Македонија, Пелагонија е трет регион кој го формира овој регионален одбор за управување со отпад. Негови членови се градоначалницитена сите општини кои се членови на тој регион и со еден претседател кој ќе има мандат од две години. Ова тело ќе се занимава со донесување на политики, стратешки документи и значајни одлуки за регионот, но исклучиво во делот на управувањето со отпадот“, изјави Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за управување со отпад.

Најголемите придобивки од формирањето на регионалниот одбор за управување со отпад ќе ги почувствуваат граѓаните од регионот.

„Советите, преку центрите за развој на регионите се обидуваме да помогнеме во инфраструктурата и се она што е надлежност на регионите по однос на општините“, изјави Градоначалникот на Општина Битола, м-р Владимир Талески.

На седницата на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, освен за измените во законот за управување со отпад се разговараше и за акцискиот план за работа на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион за 2013 та година, а беа разгледани и други тековни прашања.