БИТОЛА ЌЕ СТАНЕ СПОРТСКИ ГРАД

БИТОЛА ЌЕ СТАНЕ СПОРТСКИ ГРАД

Општинска поддршка од над 1 000 000 евра за развој на спортот и  културата во Битола
Стопански и економски развој, но и подобри инфраструктурни услови, грижа за социјалата, соодветни услови за образование и капитални инвестиции во Општина Битола предвидува новиот развоен буџет на Општина Битола кој треба да го изгласаат советниците од Советот на Општина Битола. Основниот буџет за 2013 та година е проектиран на 12 600 000 евра, а вкупниот ќе изнесува 24 500 000 евра. Со добивањето на спортските објекти, општината во новиот буџет за прв пат внесува програма за спорт која ќе биде насочена кон максимално подобрување на условите за спортување и поддршка на спортистите:
„Веднаш ќе направиме тендер, јавна набавка за изготвување на проект за спортски комплекс под Тумбе кафе. Тоа ќе го направиме веднаш деновиве, спортски комплекс под Тумбе кафе кој што ќе подразбира нов стадион, дали тој ќе биде истиот реконструиран со можност за прием на 12 000 посетители, односно две големи трибини по 4000 и две помошни по 2000, тоа ќе биде до проектантот. Проектантот мора да има предвид дека треба да ги запази УЕФА стандардите за меѓународни натпревари. Денеска официјално можам да кажам и да потврдам дека кога веќе ги имаме ингеренциите дека Битола ќе биде спортски град. За сите афирмативни манифестации, култура и спорт, максимално колку што е потребно и понатаму до 1 000 000 евра, ако е потребно и повеќе општината ќе инвестира, изјави Градоначалникот на Општина Битола, м-р Владимир Талески.
На овој начин, општина Битола, уште еднаш ја потврдува својата максимална грижа за интересот и потребите на своите граѓани, на жителите на оваа општина.