ПРЕДНОВОГОДИШНА СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ

ПРЕДНОВОГОДИШНА СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ

Во рамките на предновогодишната прес конференција која ја одржа Градоначалникот Владимир Талески со новинарите информираше за програмата на Општина Битола за одбележување на Новата година, а исто така Градоначалникот потсети и на најважните проекти кои ја одбележуваат 2012 – та година. Годината што изминува ќе остане запаметена по големата инвестиција на интернационалниот бренд Кромберг и Шуберт во Индустриската зона „Жабени“, како и првите 150 вработувања во оваа фабрика, а од големо значење за Општина Битола се и инвестициите во поранешната касарна – „Златен рид“, големата инфраструктурна експанзија, интернационалното признание кое општината го доби на саемот во Лугано, Швајцарија, како и многу други проекти кои тековно се реализираат, а притоа се од посебно значење за граѓаните на општината.
На предновогодишната прес конференција Градоначалникот Талески информираше и за ревизорскиот извештај изработен од Државниот завод за ревизија кој се однесува на работењето на Општина Битола во 2011 та година.
„Согласно законските прописи Државниот завод за ревизија во период од 2 месеци со петчлена екипа, во просториите на општината секој работен ден ги разгледуваа финансиските документи и сите јавни набавки. Како производ на двомесечната работа се 4-те ревизорски извештаи со констатации и препораки, во кои што е констатирано дека општината постапува согласно препораките од ревизијата во 2007 ма година. За вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи за 2011 та година и за усогласеноста на финансиските извештаи за 2011 та година и за усогласеноста со законите и прописите изразено е мислење без резерва, а само во еден дел дадени се препораки за уште поуспешна работа на Општина Битола, изјави Градоначалникот Талески на средбата со новинарите.
На своите сограѓани Градоначалникот на Општина Битола им посака здравје, среќа и многу успех во Новата година со желба за реализација на уште повеќе проекти во интерес на граѓаните во годината што доаѓа.