По повод новогодишните и божиќните празници, Градоначалникот на Општина Битола м-р Владимир Талески им подели новогодишни ќесички на децата од заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас, заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух Кочо рацин од Битола, домот за доенчиња и мали деца и дневниот центар за деца со посебни потреби.
„На овој ден традиционално ги посетуваме децата од нашата општина кои што на некој начин, можеби ја немаат целата онаа можност да растат нормално како своите врсници, бевме во повеќе институции, контактиравме и со нашите градинки, едноставно ова станува традиција – сакаме да посветиме и да споделиме барем по неколку мигови со децата кои се на некој начин спречени да имаат едно убаво и радосно детство, некои од разни здравствени причини, некои од други причини. Ние сме тука да им посакаме добро здравје, да им ја честитаме новата година и се разбира традиционално со нашиот Дедо Мраз да ги израдуваме. Да посветиме неколку мигови на нивната среќа, на нивниот личен приватен живот и да им посакаме се најубаво:многу здравје, многу среќа, многу успех и колку што е можно да имаат што побезгрижно детство. Должност на секој од нас е да бидеме внимателни кон сите категории на граѓани. Децата се нашата иднина и затоа треба да се потрудиме со секој наш изминат ден, со нашата работа да ги подобриме условите за нивно успешно растење и развој, затоа што дел од овие деца ќе бидат децата кои што ќе одлучуваат за иднината на идните генерации, изјави Градоначалникот на Општина Битола м-р Владимир Талески.
Ваквите посети претставуваат особена радост за децата од Домот за доенчиња и мали деца. Со силни прегратки и голема радост тие ја пречекаа денешната донација:
„Во духот на семејносто одбележување на празниците, граѓаните од Битола, пред се таткото на нашиот град не почестува и ги израдува дечињата со новогодишни пакетчиња што е исто така во духот на едно традиционално одбележување. Децата посебно се радуваат на овој вид празнувања, на производите кои што се наоѓаат во пакетчињата и изразувам посебна благодарност за ваквото внимание, изјави Наташа Младеновска, директор на Дом за доенчиња и мали деца.
Новогодишна честитка од Градоначалникот Талески до најмладите се и подароците на децата на бранителите, на децата при специјалната паралелка во ОУ Ѓорѓи Сугарев, здружението на слепи лица, здружението на деца со церебрална парализа, здружението на глуви и наглуви, НВО Баирска светлина. НВО Ревита и НВО Еднакви крилја.