ГРАДОНАЧАЛНИКОТ М-Р ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ ГО ОЗНАЧИ ПРОДОЛЖУВАЊЕТО НА КОНТИНУИТЕТОТ НА СОРАБОТКАТА СО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА НОВИТЕ КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ М-Р ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ ГО ОЗНАЧИ ПРОДОЛЖУВАЊЕТО НА КОНТИНУИТЕТОТ НА СОРАБОТКАТА СО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА НОВИТЕ КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

 

„Стручна, ефикасна, администрација која работи во интерес на своите граѓани. Благодарение на таквата Ваша посветеност во изминатиот период успеавме да реализираме голем број проекти. Ви благодарам за Вашата доверба и Вашата поддршка. Продолжуваме понатаму да ја реализираме нашата програма, да ги реализираме проектите кои ги зацртавме“, со овие зборови денеска Градоначалникот на Општина Битола м-р Владимир Талески им се заблагодари на своите вработени, посакувајќи континуитетот на соработката да резултира со реализација на крупни проекти.