ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОР И ДИРИГЕНТ КИРЕ КОСТОВ ВО ПОСЕТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОР И ДИРИГЕНТ КИРЕ КОСТОВ ВО ПОСЕТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

Познатиот македонски композитор, инструменталист и диригент Кире Костов кој потекнува од Битола, денеска го посети Градоначалникот на општина Битола м-р Владимир Талески.
Диригентот Кире Костов честитајќи му го новиот мандат на Градоначалникот Талески, ги поздрави неговите досегашните заложби во делот на културата каде што во изминатиот период се забележани големи резултати, истовремено посакувајќи му уште поуспешна работа во следните четири години.

„Ви честитам затоа што Вие сте човекот кој успеа да направи огромна промена во животот и уметноста во Општина Битола“, рече Кире Костов на денешната средба со Градоначалникот Талески.

На средбата, долгогодишните пријатели разговараа и за одредени идеи и проекти од областа на културата кои ќе се реализираат во идниот период.