ОТВОРЕН ТУРНИР ВО ОДБОЈКА

ОТВОРЕН ТУРНИР ВО ОДБОЈКА

Во чест на двегодишното постоење на Одбојкарскиот клуб „Пелистер Волеј“ од Битола во спортската сала во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ свечено беше отворен турнир во одбојка на кој што ќе се натпреваруваат три екипи.
Турнирот започна со натпреварот во одбојка помеѓу „Пелистер Волеј“ и „Синалко Крушево“.
На отворањето свое обраќање имаа комесарот за натпреварувања во одбојкарската федерација Мирко Трајков и Градоначалникот на Општина Битола м-р Владимир Талески.
„Честитки до одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј за двегодишното постоење. Убеден сум дека нивните успеси ќе бидат се поголеми, а ваквите турнири традиционални. Нашата поддршка на овој турнир е уште една потврда за нашите заложби Битола да стане спортски град“, рече Градоначалникот м-р Владимир Талески на отворањето на турнирот во одбојка.
Одбојкарскиот клуб „Пелистер Волеј“ во знак на благодарност за досегашната поддршка на Градоначаланикот Талески му врачи благодарница.