ПАДНА ПРВИОТ КАДАР НА ФИЛМОТ „ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ ВО ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

ПАДНА ПРВИОТ КАДАР НА ФИЛМОТ „ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ ВО ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

 

   Во саботата во  18 часот беше снимен првиот кадар на краткиот филм “Вишновата градина“, а него го означи режисерот Гоце Димовски. Првиот кадар беше одигран од сите актери кои учествуваат во овој краток филм.
Филмот е авторски проект на режисерот Гоце Димовски, по мотиви на Антон Павловиќ Чехов, а поддржан од националниот фонд на Македонија, а се реализира во коопродукција на “Молика филм“ од Скопје и филмски куќи од Бугарија, Србија и Франција.
Комплетното снимањето ќе се одвива во Битола, во Офицерскиот дом, на Железничката станица и на брегот на Преспанското езеро, а ќе се снима во период од 24 до 26 април.