ДОДЕЛЕНИ ПРВИТЕ ОБЈЕКТИ ОД КАСАРНАТА ЗА ПОЛИЦИЈАТА И УНИВЕРЗИТЕТОТ

ДОДЕЛЕНИ ПРВИТЕ ОБЈЕКТИ ОД КАСАРНАТА ЗА ПОЛИЦИЈАТА И УНИВЕРЗИТЕТОТ

 

   Министерот за одбрана Зоран Коњановски  им ги предаде објектите од касарната на неговите колеги Јанкуловска и Тодоров, а тие веднаш му ги предадоа на Ректорот, Златко Жоглев и началникот на битлската полиција, Бранко Ристевски. Ректорот Жоглев најави дека во објектите покрај ветеринарниот, правниот факултет тука ќе бидат сместени и лаборатории, студентското радио.
На чинот на примопредавање присуствуваше Градоначалникот Талески, кој најави дека Касарната е  еден цел нов град за кој е готов ДУП а сега следи фаза на јавна анкета која започнува понеделник 26 април и ќе трае 12 дена.