Претседателот Ѓорге Иванов оствари еднодневна посета на Битола, при што најпрво се сретна со Градоначалникот Талески во општинската зграда. На средбата се разговараше за актуелната состојба на општината, за реализираните и идните проекти во насока на побрз економски развој. Градоначалникот Талески му подари на Претседателот Иванов грбот на Битола и монографија посветена на Хераклеја Линкестис.
Претседателот Иванов оствари средба и со ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ проф.д-р Златко Жоглев, каде се разговараше за организираноста на универзитетот и развојните можности, особено по поддршката на Владата и отварањето на нови дисперзирани студии на Универзитетот.
Претседателот Иванов оддржа предавање за Европската Унија пред студентите на Факултетот за администарција и манаџмент на информациските системи.
Посетата Претседателот Иванов ја заокружи со посета на Печатницата „Киро Дандаро“ и прошетка по Широк сокак.