ОПШТИНА БИТОЛА ГО РЕКОНСТРУИРА ЕВРЕЈСКИОТ ПОРТАЛ ВО НАСЕЛБА „УШИЦИ“

ОПШТИНА БИТОЛА ГО РЕКОНСТРУИРА ЕВРЕЈСКИОТ ПОРТАЛ ВО НАСЕЛБА „УШИЦИ“

Со заложба на Градоначалникот Талески и финансиски средства од општинскиот буџет деновиве целосно се реконструира неодамна демолираниот Еврејски портал. Саниран е покрај надворешниот и внатрешниот простор, поставена е нова дограма а наскоро ќе се постави и видео надзор.
Сега останува на еврејската заедница да се грижи за својот културно –историски споменик, по примерот на другите заедници.