УСПЕШЕН ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

УСПЕШЕН ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

 

На почетокот на новата учебна година, Градоначалникот Владимир Талески, посети дел од училиштата на територијата на Општина Битола. За време на неговата посета на ОУ Крсте Петков Мисирков во с. Кравари тој им посака успешна учебна година на сите ученици, многу здравје и среќа. Првачињата во ова училиште беа дочекани со приредба од своите повозрасни соученици. Оваа учебна година зголемен е бројот на првачиња поради што се отвора нова паралелка во ОУ во с. Карамани, а учениците од ова место до доизградба на тамошното училиште  ќе се школуваат во ОУ Даме Груев во с. Долно Оризари.