Воената македонска животна драма што се случи зад високите камени ѕидови на централниот областен фашистички бугарски затвор кај Црн мост остави длабоги траги, а сеќавањата на оние што преживеале се враќаат наназад секој 6 ти септември. На на оние кои што се родиле подоцна одново им се раскажува историјата на политчките затвореници на битолскиот затвор. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучија во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување на Македонија од фашистичката окупација.
Во тој контекст беше и денешното чествување кое претставува и потсетување на херојските подвизи на плејадата борци кои ги вградија своите животи во темелите на нашата татковина Република Македонија.
По повод 68 годишнината од бегството на политичките затвореници од бугаркиот фашистички затвор „Црн Мост“ свежи цвеќиња на споменикот и спомен плочите положија Градоначалнико Владимир Талески, претставници на Советот на Општина Битола, општинскиот одбор на сојузот на борците од Битола и други организации.