СЕ РЕКОНСТРУИРА МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА

СЕ РЕКОНСТРУИРА МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА

Денес во Битола почна реконструкцијата и санацијата на државното средно музичко училиште и во оваа фаза ќе биде извршена целосна замена на застарената дограма во училиштето. Проектот е во рамките на тековните и однапред планирани проектни активности на училиштето.
„Денеска сме тука – на самото место да видиме дека замената на дограмата веќе започна, односно за многу кратко време сите училници каде што се децата од средното музичко училиште ќе бидат со заменета дограма, а паралелно со создавањето на условите за работа ќе се прави и комплетна реконструкција со термоизолација на целиот објект. Кат и пол користи музичкото училиште, а другите простории се на СОУ Таки Даскало. Оваа фаза толку брзо започна да се реализира благодарение на подготвените проекти и обезбедените средства од министерството за образование и наука на РМ. Во делот на санитарните јазли веќе ги поделивме обврските, а што се однесува до греењето за следната зима ќе се обидеме да го решиме и овој проблем“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Градоначалникот Талески го изрази своето големо верување дека средното музичко училиште во Битола и понатаму ќе ја задржи својата традиција на привлечност преку  стручниот кадар кој работи во ова училиште, а секако новите услови ќе бидат дополнителен мотив за сите ученици кои ќе се школуваат во битолското музичко училиште, а преку своите успеси ќе ја претставуваат нашата држава во странство.