По втор пат се организира саем на локални производи и услуги „Ден на потпелистерски производи“ во организација на Општина Битола и групата за рурален развој, под покровителство на Градоначалникот Владимир Талески а во рамките на Бит фест 2009.
И оваа година имавме можност да уживаме во традиционалните производи на потпелистерието : домашна храна, пелистерско сирење, природен мед, да ги видиме сместувачките капацитети во потпелистерието и сето ова во насока на традицијата и руралниот развој
Учесници беа локални фармери, занаетчии, угостители и домашни производители од потпелистерските села: Дихово, Ниже Поле, Трново, Магарево, Маловиште, Цапари, Братиндол и Ротино.
