На Плоштадот Магнолија се одржа Семакедонската венчавка во организација на семакедонско научно друштво и центар за етнологија и фолклор “Етно – Илинден” – Битола
Накитениот пајтон, во кој се качени четири момчиња, со шишиња ракија, придружен од тапани и зурла тргнува по широк сокак .Со тоа го означува почетокот на манифестацијата во едно симболизирајки го канењето на сватовите на свадбата. Пајтонот оди до крајот на широк сокак и се враќа до плоштадот Магнолија, каде музиката засвирува едно традиционално свадбарско оро.
