Традиционално и годинава Градоначалникот на Општина Битола оствари средба со претседателите на месните и урбаните заедници кои гравитираат кон Општина Битола. На средбата се разговараше за проектите кои што во изминатиот период ги реализираше локалната самоуправа како и за оние кои во одредени места треба да се реализираат со средствата предвидени за 2013 та година.
„Веќе е традиција, секоја година пред Стара Нова година – Василица имаме традиционална средба со претседателите на месните и урбаните заедници. Ги повикуваме претседателите и оние кои што можат и сакаат да дојдат. Мислам дека е многу значајна средба затоа што на ваквите средби практично го официјализираме сето она што во текот на годината го работиме. Со сите нив, ние во текот на годината имаме и директни средби и средби со нашите службеници, едноставно тие многу ни помагаат затоа што преку нив имаме директен контакт со сите наши граѓани. За потребите, проблемите сугестиите, за пропустите, грешките или евентуален превид секогаш со нив комуницираме и мислам дека тоа е една одлична практика, затоа што на тој начин директно ги осознаваме потребите на граѓаните од самото место. Во таа смисла ете и самите заклучивме дека навистина во голем дел од сето она што беше доставено преку нив во Општина Битола, практично е направено. Се разбира дека треба уште многу да се направи затоа што сеуште има места каде што има проблем со водоводната мрежа, некаде со канализацијата, со патната инфраструктура итн., но затоа постои локалната самоуправа и се трудиме колку што може да ги решаваме ваквите проблеми. Тие се веќе упатени, свесни се и искусни дека сето тоа неможе да се направи во една сезона и точно знаат на кој начин, кој проект, како се финансира: има проекти со кои се аплицира до Европска банка, до Светска банка, проекти поддржани од ресорните министерства, од буџетот на општината, а за сето тоа динамиката ја прават оние кои што се надлежни“, изјави м-р Владимир Талески, Градоначалник на Општина Битола.
Во реализацијата на сите постапки и проекти од кои имаат потреба граѓаните, општината е директно вклучена затоа што нивната реализација без учество на општината е невозможна, а динамиката на реализација зависи од пристигнувањето на средствата. Сепак, досегашните резултати говорат за голем број реализирани проекти во сите месни заедници:
„Се обидуваме да ги сослушаме сите и максимално да се распоредиме на целата територија на Општина Битола. Онаму каде што има потреба се обидуваме на различни начини да ги исфинансираме проектите кои што се потреба на разни места. 2013 та е изборна година но јас сум убеден дека заради ваквата соработка и резултатите кои се реализирани ќе имаме можност и понатаму да продолжиме со ваквата соработка, изјави Талески.
Претседателите и на урбаните и на месните заедници ја потврдија досегашната грижа на општината како во урбаниот, така и во руралниот дел на градот:
„ Нашата МЗ е просторно најголема во градот. Современа населба. А за сите наши потреби се договараме со општината да ги реализираме. Јас сум веќе 12-та година претседател на оваа месна заедница. Досега имаме многу проекти зацртано и сега се надевам, чекаме пролетта проекти за подобрување на условите за живот. Во изминатиот период имаме доста постигнато, сега се надеваме ул.Јадранска и некои други помали проекти во пролетниот период ќе се реализираат, изјави Петар Гаштаров, претседател на УЗ Јонче Мурџевски во Брусничко – лавчански регион
„Доста работа се направени. Почнувајќи од 2005 та наваму континуирано секоја година се остварува по некој проект, како градинката, немавме месна канцеларија, се направи месна канцеларија, со овој буџет се влезени улици за асфалтирање, постојки, одводнување и многу други проекти реализирани со помош на локалната самоуправа и мислам дека ако продолжи овој терк и ние и целиот Бистрички регион со сите предвидени села ќе имааме одлични услови, изјави Јован Ташевски претседател на МЗ во с.Бистрица.
Ваквите средби даваат особен придонес во непосредната комуникација на граѓаните со локалната самоуправа, а на тој начин се создаваат и повеќе можности за реализација на проекти кои директно произлегуваат од потребите на граѓаните и се приоритет во местото на живеење.