IN MEMORIAM
ТОШЕ ПРОЕСКИ
Битолчани ја изразија својата неизмерна тага кон нашата мега-звезда Тоше Проески по повод неговата трагична и прерана смрт. Плоштадот „Магнолија“ во центарот на Битола беше прекриен со пораки исполонети со љубов и почит кон нашиот Тоше. Општина Битола отвори книга на жалост во која сите што го сакаа детето кое учеше средно музичко училиште во нашиот град ги изразија своите чувтва и благодарност за се она што Тоше ни го подари нам: прекрасна музика, искреност, добрина и хуманост…
Тоше, нека ти е вечна слава, почивај во мир…
Вечно ќе те чуваме во нашите срца…
Твоите Битолчани