ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ГЛАВНИОТ ТРАНСПОРТЕН СИСТЕМ ЗА ЈАГЛЕН ОД ПОВРШИНСКИОТ КОП „БРОД – ГНЕОТИНО“ ДО РУДНИКОТ „СУВОДОЛ“

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ГЛАВНИОТ ТРАНСПОРТЕН СИСТЕМ ЗА ЈАГЛЕН ОД ПОВРШИНСКИОТ КОП „БРОД – ГНЕОТИНО“ ДО РУДНИКОТ „СУВОДОЛ“

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и генералниот директор на АД Електрани на Македонија д-р Влатко Чингоски денеска во РЕК Битола го пуштија во употреба главниот транспортен систем за јаглен кој се протега од површинскиот коп „Брод – Гнеотино“ до рудникот „Суводол“, проект на АД ЕЛЕМ, вреден 18,6 милиони евра. Транспортниот систем за јаглен е со должина од 10 километри и неговиот капацитет е 3.800 тони јаглен на час.
На денешната свеченост во РЕК „Битола“ премиерот посочи дека Владата продолжува со инвестициите за нови капацитети, како и санација, реконструирање и проширување на веќе постоечките капацитети во електроенергетскиот сектор.