БИТ ФЕСТ ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „ЛЕТ ВО МЕСТО“ НА БИТ ФЕСТ

БИТ ФЕСТ ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „ЛЕТ ВО МЕСТО“ НА БИТ ФЕСТ

Театарската претстава „Лет во место“од Горан Стефановски во режија на Ненад Витанов која својата премиера ја доживеа во март годинава, на големо задоволство на сите вљубеници во театарот беше изведена во Народниот театар Битола, како дел од БИТ ФЕСТ
Станува збор за камерна претстава во која настапуваат: Борче Ѓаковски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Валентина Грамосли и други актери од битолскиот народен театар.
Текстот е напишан пред 30 години во периодот по „Берлинскиот Конгрес“ кога се решава регионалниот мир на овие простори, а и ден денес е актуелен. За жал, историски е докажано дека после секој голем Конгрес, најголем губитник е нашиот народ кој губел дел од својата територија, губел дел од своето богатство и дел од себе.. Текстот е безвременски и затоа секогаш е актуелен..