БИТ ФЕСТ – ШЕСТО ИЗДАНИЕ НА „ЛОКУМ ФЕСТ“ НА БИТ ФЕСТ

БИТ ФЕСТ – ШЕСТО ИЗДАНИЕ НА „ЛОКУМ ФЕСТ“ НА БИТ ФЕСТ

Шестото издание на Локум фест во рамките на седмото Битолско културно лето БИТ ФЕСТ свечено беше отворено со Дефиле низ Широк Сокак, по што во Старата битолска чаршија во извонредна атмосфера следуваше настап на Пеачкото друштво „Сирма војвода“, а потоа и настап на групите „Kynnes Kabale“ од Данска и групата  “Istanbul Kolektif” од Турција.
Дел од богатата програма на Локум фест беше и настапот на групите „Старовски бенд“ од Македонија и „Orthodox Celts” од Србија. Покрај музичкиот дел гостите имаа можност да се потсетат на традицијата и со изложбата на старини и изложбата на ракотворби ЗУР Македонски ракотворби.
Последната вечер старата битолска чаршија живееше со чалгиска музика, како и сефардиска музика пренесена низ звукот на „OFIR “ од Шпанија, насловена како „Сефарадско патување од Мадрид до Манастир“, настап реализиран во соработка со Еврејска заедница во РМ.
Локум фест и оваа година внесе живот и посебна атмосфера во Старата битолска чаршија.