БИТ ФЕСТ Концерт на Калина Мрмевска, пијано

БИТ ФЕСТ Концерт на Калина Мрмевска, пијано

Концертна сала Завод и музеј
Калина Мрмевска е млада пијанистка добитник на многу награди и признанија. Основно музичко училиште завршила во Скопје, а матурирала на Средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Пијано студирала на ФМУ Скопје, каде што и магистрирала со оцена 10. Постдипломски студии по камерна музика завршила во Германија, а докторски програм по пијано на State University of New York at Stony Brook.
Во 1991 година добитник е на втора награда на интернационалниот натпревар по пијано во Италија, а прва награда и апсолутен победник со освоени 99 бода е на Меѓународниот пијанистички натпревар во Италија. Претставник е на Македонија во 1994 на 7 –иот Евровизиски натпревар на млади музичари – Варшава.
Изминатиот период имала настапи со Македонска филхармонија во Скопје, настапи во рамките на прославата на „Св.Кирил и Методиј“ во Рим, Италија, Хуманитарен концерт Скопје во организација на Детската амбасада Меѓаши, самостојни рецитали на Скопско лето, Охридско лето, Интерфест Битола, во Хамбург Германија, настап на Internacional Keyboard Institute & Festival at Mannes College, New York, соло рецитал во The Robert and Judi Newman Centar, University of Denver, Colorado.
Добитник е на многу награди и признанија, а како афирмиран млад пијанист избрана е за прв Конзул на Генералниот Детски Конзулат на Република Македонија.
Во Битола, на БИТ ФЕСТ 2012 ќе настапи на 23.07.2012 во Концертната сала на Завод и музеј од 20.00 часот.