Градоначалникот со пригодни зборови ги поздрави присутните, искажувајќи задоволство што уште една инвестиција се реализира во нашиот град и им посака на учениците среќен почеток во учебната година. Градоначалникот е еден од иницијаторите на оваа идеа и за таа цел доби специјална пофалница.
Новата училишна зграда е донација од Амбасадата на Швајцарија во РМ вредна 12 милони денари, со што се овозможи изградба на нов училишен простор од околу 500 м2 корисен простор, а ќе посетуваат настава 260 ученици од нулта група до осмо одделение.