Битола со членство во Асоцијацијата на градови и региони богати со културно-историско наследство

Битола со членство во Асоцијацијата на градови и региони богати со културно-историско наследство

  

   Битола се здоби со полноправно членство во Асоцијацијата на градови и региони богати со културно-историско наследство. Сертификатот за европски град  на Градоначалникот Талески, му беше врачен во Верона од страна на  претседателот на оваа асоцијација, г-динот Луис Ропе.
   Истовремено битолската делегација ги презентираше и проектите BITOLA FILMLAND и „Следете ја златната линија“ со цел промовирање на градот и регионот пред пошироката европска јавност.