Работна посета на општината реализираа директорите на секторите за урбанизам од градовите Ангулем и Бајонi

Работна посета на општината реализираа директорите на секторите за урбанизам од градовите Ангулем и Бајонi

  

   На 23 и 24 февруари, со посредство и организација на францускиот почесен конзул, г-ѓа Калиопа Стилиновик,  работна посета на општината реализираа директорите на секторите за урбанизам од градовите Ангулем и Бајон. Овие два града со околу стотина други се членки на Француската асоцијација на градови на историјата и културата и градови со заштитени јадра. Инаку за нашата општина се значајани затоа што со нивна поддршка се реализираше проектот Сигналитика којшто, од страна на Градоначалникот на Битола, г-динот Владимир Талевски беше презентиран на меѓународната конференција за културно наследство одржана во Париз, на почетокот на месец ноември. Посетата и средбите со Градоначалникот Талески , како и со директорот на НУ Завод за заштита на споменици, Галерија и Музеј, г-дин Зоран Николовски, беа искористени за иницирање на проект за воведување инвентар на старата чаршија, координација со француските партнери и Француското конзуларно претставниство како сегмент на потпиешаниот билатерален договор помеѓу министерствата за култура на Франција  и Македонија. Исто така се  разговараше и за спроведување на соодветни стручни обуки, организација на работилници, семинари и сл., како и за заеднички настап на конференции за културно наследство и одржлив развој.