ЗАПОЧНА ЛЕТНИОТ ФЕСТИВАЛ СОЛСТИС ПО ДЕСЕТТИ ПАТ

ЗАПОЧНА ЛЕТНИОТ ФЕСТИВАЛ СОЛСТИС ПО ДЕСЕТТИ ПАТ

 

   На десетина локации по Широк сокак започна јубилејното издание на летниот фестивал „Солстис”во организација на Центарот за културна деконтаминација и Француската алијанса.
Поклопувајќи се светскиот ден на музиката и почетокот на летото денеска во Битола започнува десетото издание на „Солстис” или Празникот на музиката
Во рамките на дводневната програма на “Солстис” по примерот на градовите во Франција и Медитеранот долж најамбиенталната улица во земјата Широк сокак на десетина локации ќе настапат бројни групи, изведувачи и ансамбли, придружувајќи се на тој начин кон стотиците градови во светот кој на овој ден го пречекуваат летото со песна и музика.