Со помош на ЈП Нискоградба беше поставен споменикот на Филип II на постаментото на плоштадот „Магнолија“ На чинот на поставувањето присуствуваше Градоначалникот Талески, авторот на споменикот Ангел Коруновски од Велес и голем број на граѓани кои со задоволство го следеа поставувањето.
Споменикот е во бронза и се лиеше во леарницата во Нови Сад.