Во пријатна атмосфера во дворот на битолската магаза во рамките на третата „Балканска колонија на ракотворци“, преку трибина и молив, за прв пат беше овековечен профилот на познатиот битолски чкембар.
Профилот на битолскиот бренд, јавно со исказите на Наде Геневска Брачиќ-кустос од НУ завод и Музеј Битола, Димче Миновски-спортски новинар и турскиот сликар од Измир, Рамазан Ајкилич, заедно со проактивната битолска публика ја направија скицата на битолската легенда, битолскиот чкембар, по кој навивачите на Пелистер се нарекуваат чкембари.
Идејата за битолскиот чкембар е тој да постане модел од кој што ќе се произведуваат сувенири и преку тој начин ќе биде оживотворен фудбалскиот битолски бренд.
Настанот се реализира во рамки на програмата на десеттиот БИт ФЕСТ 2015.