„Во срцето на Битола“ на најгратската најопеаната и најпосетуваната уллица Широк Сокак, по 11-ти пат е изложена традиционалната изложба на ракотворби во реализација на ЗУР Македонски ракотворби.
На штандовите се прикажани ракотворби на ракотворци од повеќе краеви на Македонија како Битола, Скопје, Куманово, Виница, Пробиштип каде ќе можат да се видат сувенири, предмети, накит и традиционални облеки со македонски елементи и карактеристики.
Настанот е во рамките на десеттото културно лето БИТ ФЕСТ 2015