Во селото Нижеполе често се појават свлечишта, кои навремено се санираат. Во овој период се работи на свлечиштето кај џамијата, односно во завршна фаза е изградбата на потпорниот ѕид кој е со должина од 65 метри.
„Со санацијата на овие 65 метри и со поправката на оваа улица, главниот проблем на мештаните ќе биде решен. Вредноста на овој проект, заедно со два пропусти за атмосферска вода кои ќе се направат на улицата, е некаде околу милион денари.“- изјави градоначалникот на општина Битола д-р. Владимир Талески.
Истотака своето задоволство го изразија и мештаните, бидејќи голем проблем во нивното село е решен. Со изградбата на овој потпорен ѕид, овозможено е непречено движење во селото кое е познато туристичко место како во зимскиот така и во летниот период.