Традиционално секоја година во рамките на БИТ ФЕСТ, Together-Македонија на битолската публика и туристите им приредува невообичаена комуникација којашто се поврзува преку храната, музиката, културата и обичаите.
Во дворот на Магазата беа изложени повеќе од десет штандови кадешто се претставија заедниците на државата-домќин со своите автентични карактеристики.
Целиот настан беше во реализација на БИТ ФЕСТ 2015.