Битолскиот бенд Протеус, на летната сцена кај Тумбе кафе во вечерните часови приреди вистинско летно доживување за посетителите и љубителите на нивната музика.
После долга пауза, својот музички камбек битолскиот бенд Протеус имаше чест да го направи во рамките на БИТ ФЕСТ 2015, каде беа отсвирени песни од нивниот единствен албум „Излез“ издаден во 1990-та.
Протеус се : Томе Јанкуловски – Тоцијан (вокал), Игор Пармаковски – клавијатура и Михајло Дранговски – Дранго (гитара).