Започната е санацијата на кровната конструкција на Домот во с.Оптичари. Истата беше побарана од мештаните како приоритет поради протекувањето во просториите на подрачното училиште, кое се наоѓа во склоп на Домот. Вредноста на проектот изнесува над 800 илјади денари.
„ Покрај тоа што нема да има никаков проблем во делот на училиштето, што всушност ни беше и првиот приоритет, ќе се санира кровната конструкција и над останатите простории кои што долг период не беа во функција. Денес разговаравме и за една просторија во Домот која што би можела да биде месна заедница и која ќе можат мештаните да ја користат за нивните активности “ рече градоначалникот д-р. Владимир Талески.