Со народни игри и песни почна фестивалот Илинденски денови
Со познатото „Комитско“ оро во изведба на КУД „Илинден“од Битола и Дефиле по Широк Сокак , свечено се отвори 45-от Републички фестивал на народни песни и игри ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ.
„Илинденски денови“ е синоним за доследно чување на македонската фолклорна култура и традиција, фестивал со богати програмски содржини кој најдоследно и највистински ја претставува историјата, обичаите и носиите на Македонија.
Во наредните пет фестивалски денови, на програмата на фестивалот ќе продефилираат многу фолклорни групи, ансамбли и култури од повеќе краеви на светот.
Фестивалот е во покровителство на Собрание на Република Македонија, Министерство за култура и Општина Битола.