Градоначалникот на Општина Битола м-р Наташа Петровска ја поздравува иницијативата на РК Еурофарм Работник и одлуката на Советот на Општина Битола донесена на последната седница, која се однесува на спроведување и реализација на Платформата за ракометна Битола. Воедно ги повикува сите вклучени субјекти ( Совет на Општина Битола, РК Еурофарм Работник и РК Пелистер) за навремена информираност и за овозможување на неопходните услови предвидени во Платформата за успешно спроведување на истата.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2019/07/BckGrb-783x494.jpg)