Централна манифестација 21 Март – денот на пролетта

Централна манифестација 21 Март – денот на пролетта

 

   По повод Денот на пролетта 21 Март а и по повод на завршувањето на првиот дел од пролетната Акција НЕКА БИДЕ ЧИСТО …..Пролет 2006 во организација на Општина Битола, на Плоштадот Магнолија се одржа музичка манифестација за најмладите. Исто така традиционално се одржаи и ЕКО ДЕФИЛЕТО на кое учество зедоа повеќе од 350 деца од сите основни и средни училишта во градот како и дечињата од градинката Естреа Овадија Мара.